Костадинова: ВМРО-ДПМНЕ нема државнички капацитет

by Фокус

СДСМ е држаничка партија, која секогаш презема одговорност да се решаваат навистина најгорливите прашања, во интерес на граѓаните, од ВМРО-ДПМНЕ не видовме ниту една државничка политика, ниту еден државнички потег, го блокираат Собранието во време на криза и побегнаа од гласање за заколучоците, истакна потпретседателката на СДСМ Бисера Костадинова Стојческа во интервју за емисијата „Трилинг“.

-Зошто не останааа во салата кога се гласаше за Заклучоците за продолжување на европскиот пат? А три дена бевме навредувани, омаловажувани. За жал, тоа е сликата што ВМРО-ДПМНЕ ја остава во законодавниот дом дека се сé, само опозиција не, немаат државнички капацитет – нагласи Костадинова Стојческа.

Поврзани новости