Костадинов за Мицкоски: Теретани, кафани, качување на Водно

by Фокус

Христијан Мицкоски го достигна пикот во безобразието, лицемерието, неодговорноста, истакна портпаролот на СДСМ, Коста Костадинов, откако беше објавено дека Мицкоски бил во затворен дел на угостителски објект на улицата Боемска во Дебар Маало, во време кога инспектори на Пазарната инспекција биле спречени да извршат контрола.

„Лаже дека се грижи за здравјето на граѓаните, лаже кога зборува дека ги почитува мерките. Теретани, кафани, качување на Водно, еклатантно кршење на препораките и мерките за заштита на здравјето, е она по што ќе биде запаметен Мицкоски во оваа криза. Виновниците за ситуацијата во која се наоѓаме имаат име и презиме“, напиша Костадинов на фејсбук.

Поврзани новости