Костадинов: ВМРО-ДПМНЕ од меѓународни претставници бара да не добиеме датум за преговори

by fokus

Портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов во вечерашното гостување на телевизија Телма рече дека раководството на ВМРО-ДПМНЕ барало од меѓународни претставници Македонија да не добие датум за преговори.

-Пред почетокот на емисијава добив информации дека луѓе од високото раководство на ВМРО-ДПМНЕ прават се, и во разговори со претставници на меѓународната заедница, Северна Македонија да не ги почне преговори со ЕУ. Значи, прават се што може до тоа да не дојде. Во разговори со меѓународните претставници, европратеници, тие бараат Македонија да не добие преговори, заради тоа што тоа можело да се смета како влијае врз изборната кампања и поддршка за СДСМ, рече Костадинов.

Поврзани новости