Костадинов: Само фарса е дека ВМРО-ДПМНЕ сака избори, воопшто немаше такво прашање на лидерската

by fokus

Дека ВМРО-ДПМНЕ сака предвремени избори е само фарса, затоа што ако беше поинаку ќе беше споменато и на лидерската која се одржа, а такво прашање воопшто немаше, рече портаролот на СДСМ, Костадин Костадинов во вечерашаното гостување на телевизија Алсат.

Тој рече и дека тие порачале дека правна држава и правда мора да има и  секој кој се огрешил пред законот мора да одговара.

-Сето тоа направи паника во ВМРО –ДПМНЕ кои прават последен обид да ги спасат криминалите и криминалците , а кои што за владејачката партија значат црвени линии кои нема шанси да се поминат. Сепак оставаме простор согласно демократските принципи на РСМ , ВМРО-ДПМНЕ да се огради од криминалите и криминалците и заеднички да го донесеме законот за ЈО, рече Костадинов.

 

Поврзани новости