Костадинов: Пендаровски води со над 30 илјади гласови, очекуваме водството да продолжи!

by Fokus

Портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов, на вечерашната прес-конференција потврди дека нивниот кандидат Стево Пендаровски е во водство над Гордана Силјановска-Давкова.

„Првичните тенденции покажуваат сиругно водство на Стево Пендаровски. Пендаровски води пред Гордана Силјановска со над 30 илјади гласови. Очекуваме таквата тенденција да продолжи и Пендаровски да биде прогласен за претседател на државата. Граѓаните го препознаа концептот кој води кон напредок и интеграција, на фер избори. Граѓаните денеска избраа вистински претседател кој оди напред. Ние, граѓаните денеска кажавме „не“ на враќањето на темното минато, изолација и поделба“, рече Костадинов.

Поврзани новости