Костадинов: Не можам да кажам дека имаме 80 пратеници врзани во крпче, но длабоко сум убеден дека ќе го имаме мнозинството

by fokus

Пратеникот на СДСМ Костадин Костадинов на денешната прес – конференција во Собранието ги повика пратениците од сите пратенички групи, како што рече, да се стават на страната на правната држава со тоа што ќе дадат поддршка за Предлог-законот за јавно обвинителство. Тој не можеше да каже дали власта го има потребното двотретинско мнозинство  потребно за донесување на овој закон, ниту кога ќе почне седницата. Само кусо рече дека е отимист оти до чинот на гласање најмалку 80 пратеници ќе го имаат предвид она што е важно и ќе се стават во функција на правото и на правната држава.

-Не можам да кажам кога ќе се гласа, за текот на седницата одговор треба да даде претседателот на Собранието Талат Џафери. Многу неблагодарно е да кажам дека имаме 80 пратеници врзани во крпче, прво е неколегијално од моја страна, но длабоко сум убеден и сум оптимист до чинот на гласањето ќе го имаме потребното мнозинство и дека со сигурност најмалку 80 пратеници колеги, ќе имаат предвид она што е важно и ќе се стават во функција на правото и на правната држава,  рече Костадинов.

Законот за ЈО, според него, е темел за вистинска, неселективна правда и правосудство кое гарантира одговорност за секој кој го прекршил законот.

-Пратениците на СДСМ и Коалицијата се на страната на правдата, а од друга страна е извршителот Мицкоски кој по налог на неговиот шеф Груевски се обидува да ја попречи правдата. Нема да успее мисијата на Мицкоски да го спаси од одговорност Никола Груевски и бандитите во ВМРО-ДПМНЕ, рече Костадинов.

Со законот, како што рече, се гарантира правна разрешница за случаите кои ги отвори СЈО. „Бомбите“, нагласи Костадинов, остануваат докази во случаите на СЈО, покренати до 30 јуни 2018 година, како што беше предвидено со Законот за СЈО.

-Нема скриена амнестија, секој ќе одговара согласно Законите. Усвојувањето на Законот за ЈО значи огромен придонес за интегрирањето во европското семејство, рече тој.

Костадинов не можеше да каже кога ќе се гласа за законот за јавно обвинителство и дали имаат обезбедено двотретинско мнозинство.

-Не можам да кажам кога ќе се гласа, за текот на седницата одговор треба да даде претседателот на Собранието Талат Џафери. Многу неблагодарно е да кажам дека имаме 80 пратеници врзани во крпче, прво е неколегијално од моја страна, но длабоко сум убеден и сум оптимист до чинот на гласањето ќе го имаме потребното мнозинство и дека со сигурност најмалку 80 пратеници колеги, ќе имаат предвид она што е важно и ќе се стават во функција на правото и на правната држава,  рече Костадинов.

Поврзани новости