Костадинов: Можеби Мицкоски помагал при бегството на Груевски

by Fokus

Многу прашина крена вчерашната изјава на премиерот Зоран Заев, во која отворено праша дека можеби Никола Груевски е киднапиран. Портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов во синоќешното гостување на „Отворено“ на Алфа, изрази сомнеж дека на екс-премиерот при бегството му помагал и сегашниот лидер на партијата, Христијан Мицкоски.

„Имаме отворени сомнежи, имаме и прашања од јавноста дека можеби претседателот на опозицијата, Мицкоски на некој начин учствувал во организацијата на бегството на Никола Груевски. Тој сам кажа пред некое време, дека имал средба со Груевски, на која што средба се дискутирало за иднината на Никола Груевски“, истакна Костадинов.

Поврзани новости