Костадинов: Може да се случи да немаме избори ни во редовниот термин во декември

by Frosina Fakova

Ние длабоко навлеговме во зоната на критични рокови што многу лесно може да се случи да немаме избори ниту во редовниот термин во декември. Никој не може да предвиди што може да се случи наесен, изјави портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов одговарајќи на новинарско прашање дали се прават некакви обиди за обновување на комуникацијата меѓу двете најголеми партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ за договарање на датумот на избори.

– Прашањето дали ќе има избори на 5 јули не е прашање на политички преговори, натегања и исполнувања на нечии желби, туку уставна и законска обврска, зошто? затоа што справувањето со коронавирусот, носењето на мерки за заштита на здравјето на граѓаните и за економијата, можат да бидат обезбедени исклучиво со инстутуции коишто ќе имаат полн капацитет и легитимитет даден од граѓаните. Јас знам дека одржување на избори во еден ваков период е предизвик, но верувам дека се единствена алатка во една функционална парламентарна демократија за надминување на проблемите со коишто се соочуваме. Оттука, заклучокот е дека изборите во овој период се единствено решеније, а не проблем, рече Костадинов.

СДСМ е за избори на 5 јули, додека за ВМРО-ДПМНЕ изборите не се приоритет и треба да се одржат кога нема да има заразени со новиот вирус ковид-19.

Поврзани новости