Костадинов: Лани Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ беа против ЕУ и НАТО и се уште го бранат криминалот на Груевски

by fokus

Денеска се навршува една година од референдумот „За Европска Македонија“. Над 660.000 граѓани излегоа не реферндумот а близу 610.000 гласаа За. Ниту една политичка опција, ниту една политичка програма досега не добила толку масовна и јасно изразена поддршка, вели Костадинов од СДСМ.

„Пред една година, граѓаните јасно и недвосмислено порачаа дека се за ЕУ и НАТО, за напредок, сигурна иднина, преку прифаќање на Договорот од Преспа.

Со својот мнозински глас, граѓаните упатија силна порака: сакаме иднина во НАТО и во Европската Унија.

Пред една година, единствени против европската иднина, против ЕУ и НАТО беа Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Тие свесно избраа да не бидат дел од историската шанса.

До денеска, една година подоцна, Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се уште работат против интересите на граѓаните и против ЕУ и НАТО. Единствено бранат криминал на поранешниот режим, заглавени во минатото на нивниот почесен и вистински претседател, Никола Груевски. Кочењето на реформите и напредокот не даде резултат. Една година подоцна нашата држава е светол пример во регионот и партнер на демократскиот свет.

Членството во НАТО е извесно, Република Северна Македонија 30 земја членка на Алијансата. По спроведените реформи, со право очекуваме датум и почеток на преговорите со Европската Унија.

Како одговорна партија, носител на промените, продолжуваме да работиме во интерес на граѓаните, државата и нивната иднина“, порача портпаролот на владејачката партија.

Поврзани новости