Костадинов: Како од толку професори, Христијан Мицкоски бил асистент на три предмети токму кај неговиот татко?

by Fokus

Христијан Мицкоски должи одговори пред граѓаните за тоа на кој начин ја изградил академската и професионална кариера, рече денеска во изјава за медиумите, Костадин Костадинов, пратеник од СДСМ и коалицијата.

„Јавно достапните информации се основан сомнеж дека тоа можеби го направил преку непотизам, благодарение на неговиот татко Иван ,етаблиран професор на Машинскиот факултет. Што покажуваат фактите? Мицкоски магистрирал и докторирал на факултетот каде што предава неговиот татко. Потоа Мицкоски станува и негов асистент. Да, од толку многу професори Мицкоски бил асистент токму кај неговиот родител – истакна Костадинов, кој го покажа и распоредот на предавања.

„Ова е распоредот на предавања на Машински факултет за летниот семестар во учебната 2015/2016 година. Јасно се гледа дека на трите предмети што ги предава професор Иван Мицкоски, асистент не бил никој друг туку неговиот син Христијан. Дополнително, во сите книги и учебни помагала наведени во биографијата на Христијан Мицкоски (објавена на веб страницата на МФ) како ко-автор е наведен токму неговиот татко, професорот Иван – додава Костадинов.

 

Поврзани новости