Косовската полиција замина за Албанија за да помогнат по земјотресите

by fokus

Косовската полиција мобилизира утрово дел од своите припадници и ги испрати во Албанија во подрачјата погодени од силните земјотреси, со цел да им пружат поддршка и помош на тамошните спасувачки екипи, јави дописникот на МИА од Приштина.

Според соопштението на полицијата, 110 припадници на специјалните единици, опремени со разни логистички помагала, веќе ја преминале границата меѓу двете држави и ќе бидат во служба на албанските власти во операциите за спасување и потрага по граѓаните кои се наоѓаат под урнатините на објектите погодени од земјотресот.

Косовската полиција ќе биде во состојба по потреба да се ангажира и во Косово, каде што се регистрирани низа земјотреси со помал интензитет, се вели во соопштението.

Албанија рано утрово ја погодија серија земјотреси во кои, според последните официјални информации, загинаа најмалку  11 лица, а причинети се и големи материјални штети, нарочито во приморскиот град Драч и во околните населени места. Најсилниот потрес, кој се случи нешто пред четири часот утрово, се почувствува во сите соседни држави и пошироко.

Поврзани новости