Косовската полиција регистрирала 4 случаи на пукање и детонација

by Фокус

По поставувањето на блокади во северниот дел на Косовска Митровица, во четири случаи од огнено оружје било пукано кон полициските единици, а во еден случај била слушната и детонација, соопшти денеска косовската полиција. Во соопштението се наведува дека нема повредени ниту полицајци ниту граѓани.

„Досега се пријавени четири случаи на запрени и малтретирани Албанци кои патувале во тој реон, нанесување повреди и материјална штета врз возила, од страна на осомничени за кои постои сомневање дека се дел од организации за блокирање патишта“, се вели во соопштението.

Поврзани новости