Косово нуди парична награда за информација за тројниот убиец

Веднаш по инцидентот, полицијата распиша потерница по непознат сторител, а засега ја исклучува можноста дека се работи за терористички напад.

by fokus

Владата на Косово понуди награда од 20 илјади за оној што ќе помогне во откривањето на сторителот или сторителите на тројното убиство, што се случи во петокот, на 26 ноември, кај селото Глоѓан, во близина на градот Дечане во западно Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.

Наградата за тој што ќе помогне да се расветли тешкото злосторство, во кое загинаа двајца матуранти и возачот на автобус со средношколци, се распиша денеска, откако надлежните истражни органи потврдија дека се уште немаат конкретни информации кои би воделе кон откривање на виновникот, или виновниците и на мотивите за злосторството.

Веднаш по инцидентот, полицијата распиша потерница по непознат сторител, а засега ја исклучува можноста дека се работи за терористички напад.

– Како премиер, заедно со МВР и Полицијата на Косово, апелираме кај граѓаните кои може да имаат некакви сознанија за случајот да ѝ помогнат на полицијата со информации за откривањето на авторот/авторите на овој чин и за тоа нудиме награда од 20.000 евра за секоја граѓанин кој може да даде информација што ќе води кон расветлуваање или решавање на овој случај, се вели во соопштението од кабинетот на косовкиот премиер Албин Курти.

Две деца, на возраст од 17 и 18 години, како и возачот на автобусот кој превезувал ученици, се убиени во петокот вечерта во вооружен напад кај селото Глоѓан, во близина на Дечане.

Поврзани новости