Косово не дозволи влез на српски министер

by Fokus

Властите во Приштина синоќа испратиле известување до српскиот министер за млади и спорт, Вања Удовичиќ, за забрана за влез на територијата на Косово и Метохија, јавува РТС.рс.

Денеска министерот Удовичиќ требаше да разговара со младите на Универзитетот во Приштина и да им подели стипендии, а потоа да го посети Центарот за екологија и развој на спортот во Зубин Поток.

Според изјавата на директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Петар Петковиќ, властите во Приштина ја забраниле неговата посета без никаква причина и образложение.

-Неговиот престој на Косово и Метохија беше уредно објавен од службеникот за врска во согласност со сите договори и утврдени процедури, но и покрај тоа, Приштина еднострано и произволно одлучи да не му дозволи да ја посети, а известувањето беше испратено доцна синоќа во ниедно време, што е уште еден вид на перфидното изживување на Приштина, рече директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Петар Петковиќ.

Во соопштението се наведува дека последната забрана ја покажува целата ароганција на властите во Приштина, кои „отфрлаат секаков вид соработка, дијалог и договор, но и неможноста на Европската унија да обезбеди и да гарантира почитување на договорот и цивилизирано однесување на албанските политичари“.

-Посетата на министерот Удовичиќ беше најавена во согласност со сите процедури од Договорот за службени посети и на време. Ќе ги информираме сите надлежни меѓународни институции за ова, уште едно по ред, арогантно однесување на Приштина, кое ги крши сите договори, се вели во соопштението.

Поврзани новости