Косово најавува екстрадиција на Демири и Исмаиловиќ, осомничени во „Монструм“

by Фокус

Министерот за внатрешни работи на Косово, Екрем Мустафа, кој е денес во работна посета на Македонија, рече дека двајцата осомничени во случајот Монструм – Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, ќе бидат екстрадирани во Македонија.

-Кога ќе се заврши процедурата во министерството за правда, тие ќе бидат екстрадирани во Македонија – рече Мустафа во касарната во Ѓорче Петров.

На 12 април 2012 година, беа застрелани петмина скопјани додека ловеле риба крај Смилковското Езеро. За петкратното убиство беше отворен предмет „Монструм“, а на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ и Езим и Хаки Азири и Сами Љута.

Но, Врховниот суд во декември 2017 година ги укина пресудите, а случајот „Монструм“ го презеде СЈО. Иако СЈО повеќе не постои, сепак, случајот повторно го води обвинителката Фатиме Фетаи.

Поврзани новости