Косово ги укина царините за производите од Србија

by Фокус 23:59
23:59

Косовскиот премиер во оставка Албин Курти објави дека косовската влада донела одлука за укинување на царините на производите од Србија и Босна и Херцеговина.

Истовремено, косовската воведува и мерка на реципроцитет во однос на Србија, која нема да се применува во односите со БиХ.

- Advertisements -

Одлуката стапува на сила вечерва на полноќ и ќе важи до 15 јуни годинава, кога ќе се разгледаат резултатите на примената на оваа одлука.

-Мерките на реципроцитет, односно за меѓусебните односи, се институт за односот меѓу суверени држави кој е признаен со основните принципи на меѓународното право – рече Курти.

Инаку, косовското собрание пред неколку дена изгласа недоверба на влада на Курти.

Поврзани новости