Косовец починал откако со мерцедесот удрил во бетонска бандера

by Фокус

Косовскиот државјанин Ш.Х. (48) починал откако вчера во 17 часот на булеварот Никола Карев во Скопје изгубил контрола врз неговиот мерцедес и удрил во бетонска бандера.

Како што информираа од Министерството за внатрешни работи, по незгодата лицето во тешка состојба е пренесено во Комплекс клиники “Мајка Тереза”, каде е констатирана смрт.

Извршен е увид на местото на настанот.

Поврзани новости