Ќосето: Супер ми е со другарчињата во притвор, јас немам пари за да бегам

by fokus

Горанче Ангеловски-Ќосето, откако беше осуден на 12-години казна затвор, како еден од обвинетите за случајот „27 април“, истакна дека нема да бега, бидејќи за тоа немал пари.

-Супер ми е со другарчињата во „Шутка“, па затоа барам да си останам таму. Немам пари сега да си отидам до  Велес, а не пак да бегам. Немам пари бидејќи јас не крадев, рече Ќосето, цело време смеејќи се.

Да остане во „Шутка“ побара и обвинетиот Вилијам Михајловски, кој доби казна од 14-години. Тој рече дека му било јасно дека и да побарал да биде во куќен притвор тоа немало да му биде дозволено.

Судот треба да одлучи дали осудените 16-мина ќе одат во притвор, или ќе добијат други мерки на претпазливост.

Поврзани новости