Косана Мазнева со интересна роденденска честитка: Боже, ти благодарам за дебелото животно искуство!

by fokus

Поранешната пратеничка на ВМРО–ДПМНЕ Косана Мазнева наполни 46 години. Со интересна објава на социјалните мрежи, таа се заблагодари на Бог за безгрижното детство и младост, но и за дебелото животно искуство.

-Седам на една од плажите во Струга. Во најинспиративниот град на поезијата, град кој плени со својата убавина и посебности. Вообичаено секој од нас на денот на роденденот интимно си посакува барем по една желбичка. Оваа година практично и да немам некоја особена и дефинирана желба, освен вообичаените флоскули – здравје, најблиските да се сите на број, љубов, мир, спокој, чиста и мирна совест… Реално, тоа е живот и тоа ако го имаме треба да бидеме среќни. Боже, ти благодарам за 18- те години безгрижно детство/полнолетство и 28 години дебело животно искуство. Нека се множат. Среќен 46-ти роденден Косана! – обајви Мазнева.

Косана важи за една од најубавите жени во политиката кај нас. Од првиот брак ги има ќерките Ана и Михаела, а пред четири години со сопругот Мики Трајковски ја доби и третата ќерка, Милица.

Вики Клинчарова

Поврзани новости