641
Од почетокот на 2022 година, Кина пријавила повеќе локални симптоматски случаи на Kовид-19 отколку што забележала во текот на целата мината година.
Во текот на вчерашниот ден биле регистрирани 1.337 нови случаи на корона вирус, пренесе кинеската Национална здравствена комисија.
Со тие бројки, оваа година се регистрирани над 9.000 случаи, додека пак минатата 2021 година биле заболени 8.378 лица.