Координација во Собрание – уште нема конечна одлука кога ќе се гласа законот за ЈО

by fokus

Координаторите на пратеничките групи, без ВМРО-ДПМНЕ, во Собрание ќе одржат редовна координација на која ќе се разговара и кога ќе биде ставен на дневен ред на собраниска седница Законот за јавно обвинителство, кој вчера беше усвоен на владина седница откако власта соопшти дека обезбедила двотретинско мнозинство за негово гласање во Собранието.

Од Собрание брифираат дека денешната координација ќе биде редовна, но на неа нема да присуствува координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Власта ги очекува гласовите на мнозинството пратеници од независната пратеничка група бидејќи дел од нивните забелешки се вградени во новото законско решение.

 

Поврзани новости