Координација со Џафери пред распуштање на Собранието

by Fokus 12:31
12:31

Координаторот на пратеничкаа група на СДСМ е на координација со претседателот на Собранието, Талат Џафери, по што ќе се знае кога ќе се одржи седницата за Законот за Јавно обвинителство, рече пратеникот и порптарол на СДСМ, Костадин Костадинов на денешната прес конференција во Собранието.

„Имајќи ја во предвид важноста на Законот, повикуваме секој ден сите да заземат став, па и ВМРО-ДПМНЕ, дали ќе продолжат да си ги штитат бандитите во своите редови или и тие конечно ќе застанат на страната на граѓаните, на правдата и правната држава. Ќе повикуваме се до седницата, а на крајот пратениците ќе се изјаснат согласно своето убедување. Верувам, оптимист сум, дека ќе застанат на страната на правдата. Она што го знам е дека во моментов има координација, по координацијата ќе знаеме. Ние не обезбедуваме гласови, ги имаме сите аргументи на нашата страна“, рече Костадинов.

- Advertising -

Пратеникот посочи дека иако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вчера најави дека е можно да го напуштат Собранието, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ денеска поднеле околу 5.000 амандмани за Закони кои се важни за државата, меѓу кои и Законот за безбедност во сообраќајот и Законот за минерални суровини.

Тој кажа дека правда, силна правна држава и независно судство ќе има без оглед на како што рече, желбата на Христијан Мицкоски и неговиот ментор Никола Груевски да го спречат Законот и да го заштитат криминалот во нивните редови.

„Не успеа Мицкоски да го заштити менторот Груевски. Законот за Јавно обвинителство е темел на реформите во правосудството и гарантира независна правда, конечно одговорност за сите. Правниот систем добива трајно решение без да има специјални институции. Законот гарантира дека сите судски предмети кои произлегоа од СЈО ќе имаат правни завршетоци. Аудио материјалите 30.06.2018 година, како што беше предвидено со основањето на СЈО. Нема да има амнестија за никого, секој ќе одговара согласно законите во нашата држава“, истакна Костадинов.

Пратеникот обвини дека на Мицкоски му пречи Законот за ЈО, па затоа преку пратениците прави се за да не се донесе законското решение.

„Усвојувањето значи огромен придонес за европската перспектива и интегрирање на граѓаните во европското семејство. После ова ЕУ е на потег. Ги повикувам сите мои колеги пратеници да бидат на висина на задачата и овој закон зад кој застанаа ЕУ и САД да биде донесен со дво-третинско мнозинство“, додаде Костадин Костадинов.

Поврзани новости