Концертот на „2 Cellos“ одложен за 19 октомври

by fokus

Скопскиот концерт на една од моментно најголемите светски музички атракции „2 Cellos“, наместо на првичниот закажан датум 6. октомври, ќе се одржи на 19. октомври, на истата локација во ВИП Арена.

– Причината за промената на датумот е од логистички тип, а поради концертот на Texas на 28 септември и закажаниот референдум на 30 септември, ние со задоволство ја прифативме оваа понуда концертот да биде подоцна во октомври, од првичниот датум, соопштија од Авалон Продукција.

Истовремено, ја пренесуваат и информацијата од официјалниот тикет мастер за овој концерт „Купи Карти За Се“ дека поради падот на серверот, кој е во Америка, ги имаат изгубено нумерациите на досега продадени билети за трибини. Затоа, наведуваат, сите што досега имаат купено карти, ќе можат до 3. септември да ги заменат на продажните места од каде што ги купиле билетите и ќе ги добијат истите седишта за новиот датум, 19. октомври.

За да можат веќе издадените билети да се заменат за нови, од денеска до 3. септември, нема да се врши продажба на билети за концертот за трибините, додека билетите за Партер и Фан пит остануваат во слободна продажба. Од 3. септември, сите слободни билети за трибини ќе бидат пуштени во продажба.

Концерот на хрватското дуо во Скопје е во рамки на нивната светска турнеја, насловена како и нивниот последен албум „Score”.

Поврзани новости