Континуирано носиме мерки за поддршка на граѓаните во услови на најголема економска криза, информира Ковачевски

by Fokus

Континуирано носиме мерки за поддршка на граѓаните во услови на најголема светска економска криза, порача премиерот Димитар Ковачевски.

Премиерот на својот фејсбук профил соопштувајќи за најновата одлука да бидат замрзнати цените на огревното дрво и пелетите, истакна дека заштитата на стандардот на граѓаните е највисок приоритет на Владата.

-Континуирано носиме мерки за поддршка на граѓаните во услови на најголема светска економска криза. Денес на владината седница донесовме одлука да ги замрзнеме цените на огревното дрво и пелетите.

Метар просторен огревно дрво ќе е максимум 4.500 денари, а метар кубен максимум 6.429 денари. Цената на пелетите за огрев, пак, ќе е максимум 27 денари за еден килограм.

Заштита на стандардот на граѓаните е наш највисок приоритет, стои во објавата.

Поврзани новости