Конститутивната седница ќе продолжи во понеделник

by fokus

Продолжение на конститутивната седница нема да има утре, туку во понеделник во 11 часот.

По координацијата на претставниците на парламентарните партии, имаше кратко продолжение на седницата, по што точно во 18 часот, претседавачот Трајко Вељаноски ја прекина седницата и нејзиното продолжение го закажа за в понеделник.

Претседавачот Вељаноски не го стави на гласање предлогот на СДСМ да се премине на следната точка од дневниот ред и да се избере претседател на Собранието.

 

Поврзани новости