Конститутивен состанок на делегацијата на Европскиот парламент за соработка со Северна Македонија

by fokus

На Конститутивниот состанок на делегацијата на Европскиот парламент за соработка со Република Северна Македонија, што се одржа денеска беа избрани претседателот и потпретседателите на делегацијата. За претседател на делегацијата е избран Андреас Шиедер, европратеник од Австрија од групата на Социјалистите и демократите.

Како што јавува дописникот на МИА од Стразбур, за прв заменик-претседател е избрана Ирена Јовева од Словенија од редовите на Обновена Европа и за втор потпретседател – Марион Валсман, европратеничка од Германија од редовите на Народните партии.

Меѓупарламентарната делегација која ги одржува парламентарните односи со Република Северна Македонија, брои 13 членови и 13 заменици.

Од групата на Европските народни партии членови се: Александер Александров Јорданов (Бугарија), Владимир Билчик (Словачка) и Марион Валсман (Германија) заменици од оваа политичка група се Јан Олбришт (Полска) и Мариа Спираки (Грција).                             

Од редовите на Социјалистите и демократите членови на делегацијата се Кати Пири (Холандија) и Андреас Шнејдер (Австрија), заменици  Билјана Борзан (Хрвастка), Пина Пичерино (Италија) и Михаил Тудосе (Романија), едно членско место се уште не е пополнето.

Од групата на поранешните либерлаи, сега Обновена Европа членови на делегацијата се Атие Алиева-Вели (Бугарија) и Ирена Јовева (Словенија), заменици Каталин Чех (Унгарија) и Клаудиа Гамон (Австрија).

Членови на делеагцијата од редовите на Зелените/Европска слободна алијанса се Тинек Стрик (Холандија) и заменик Патрик Бејер (Германија).

Поврзани новости