Конгресот бара пристап до разговорите на Трамп со Путин

by Fokus

Американскиот Конгрес е решен да добие пристап до разговорите на американскиот претседател Доналд Трамп со рускиот претседател Владимир Путин и другите светски лидери, изјави денеска претседателот на Комитетот за разузнавање на Претставничкиот дом на Конгресот, Адам Шиф.

Шиф, кој е демократ, рече дека Конгресот е загрижен дека постои можност Трамп да ја загрозил националната безбедност на САД.

– Мислам дека најголема потреба е да се заштити националната безбедност на САД и да се види дали во разговорите со другите светски лидери, особено со Путин, претседателот ја загрозил нашата безбедност на начин на кој мислел дека ќе му донесе лична корист во (претседателската) кампања, изјави Шиф за Ен-Би-Си.

Белата куќа воведе сериозни ограничувања во дистрибуцијата на записниците од разговорите на претседателот Трамп со странските лидери, вклучувајќи ги Путин и саудискиот принц Мохамед бин Салман, изјави претходно неименуван поранешен функционер на Белата куќа.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пак, претходно изјави дека Москва се надева оти нема да бидат објавени записници од разговорите меѓу рускиот и американскиот претседател.

Поврзани новости