Конференција „ЕУ на границите на мирот и стабилноста”

by Fokus

Паневропска Унија на Македонија, денеска, во Скопје, организира Конференција насловена „Европската Унија на границите на мирот и стабилноста” по повод 100 години Паневропско движење во Европа и 28 години Паневропско движење во земјава.

Како што наведува организаторот, 2022 беше бурна година за Европа, посочувајќи на големите предизвици со кои се соочува Европската унија и внатрешно и во нејзиното соседство со војната што беснее на нејзините граници, како и на одобрениот кандидатски статус за Украина и Молдавија, со што се прошири кругот на земји кандидатки за членство во ЕУ по речиси две децении.

-Имајќи ги предвид овие сложени случувања, постои итна потреба да се обезбеди континуиран дијалог и комуникација во и помеѓу Македонија и ЕУ на повеќе нивоа. Целта на конференцијата во Скопје ќе биде да се направи преглед на тековните случувања и да се разгледаат евентуални сценарија за иднината, предизвиците, процесот на пристапување, како и на пошироката европска архитектура, наведуваат организаторите.

Поврзани новости