Коневски: СДСМ манипулира со измислени сценарија

by fokus

Градоначалникот на Аеродром, Ивица Коневски, денеска обвини дека СДСМ ги злоупотребуваат институциите на власта и креираат сценарија и обвиненија кои се чиста измислица.

-Со цел да го одвлечат вниманието од вчера објавениот скандал за рекетирањето што го спроведува Златко Марин по фирми што работат на територијата на општина Аеродром, СДСМ ги злоупотребуваат институциите на власта и креираат сценарија и обвиненија кои се чиста измислица. Последните анкети за рејтинзите на кандидатите за градоначалници што излегоа во јавноста изминатите неколку денови од медиуми блиски до СДСМ, предизвикаа страв и очај во оваа партија. Станувајќи свесни дека безочното лажење не води кон победа, туку кон голем пораз, во паника на неколку денови пред изборите почнаа да манипулираат со измислени сценарија. Така, денеска штабот на СДСМ во Аеродром излезе со прес-конференција во добро познат стил преку негативна кампања, измислувајќи ревизорски извештај од нафталин за наводни неправилности во работењето на ЈПССДП. Напротив, сите забелешки од овој ревизорски извештај се однесуваат на работењето на претпријатието во времето на СДСМ, кое ми го оставија во „наследство“ кога застанав на чело на ова ЈП, па морав да се справувам со последиците од нивното недомаќинско работење, тврди Коневски.

Поврзани новости