Коневски: Мијалков нема лидерски амбиции, но има право да биде загрижен

by Фокус

Христијан Мицкоски одбива да се соочи до делегатите кои го избраа на нов вонреден конгрес, бидејќи ќе го чека редовниот конгрес следната година за да може да избере свои делегати, рече поранешниот градоначалник на Аеродром Ивица Коневски на 360 Степени, кој е дел од иницијативниот одбор за промени на ВМРО-ДПМНЕ. Во однос на прашањето дали зад нив стои екс шефот на тајната полиција Сашо Мијалков, Коневски одговара:

„Мијалков нема лидерски амбиции и не сака да се меша во политиката, туку јавно настапува, бара одговорност и вонреден конгрес. Сепак, тој е еден од основачите на партијата, има право да биде загрижен. На крајот, тој го поддржа Мицкоски да биде лидер и затоа не е чесно тој да се однесува дискредитирачки до сите што му ја дадоа поддршката…“.

Поврзани новости