Конески попладнево на дневен ред стави уништување на зеленило и нови згради

by fokus

Градоначалникот на Аеродром, Ивица Конески, попладнево без никаква претходна најава, на дневен ред стави расправа за донесувањето на спорниот Детален урбанистички план за градска четврт И 10 (ДУП И 10) со кој се предвидува уништување на зелени површини кај Мајчин Дом и покрај Вардар. Овој ДУП еднаш беше повлечен, откако граѓаните го кренаа својот глас преку иницијативата „Аеродром сака да дише“.

-Во овој момент Советот на Општина Аеродром сака да го донесе ДУП И10, кој во последен момент го стави на расправа на седницата. Нашите советници во моментов се спротиставуваат на ова насилство.  Овој ДУП е оној со којшто ќе се предизвика еколошка катастрофа во Аеродром. Со него се предвидува уништување на зелени површини кај Мајчин Дом и покрај Вардар За овој ДУП имаше голем граѓански отпор преку акцијата Аеродром сака да дише. Апелирам граѓаните и медиумите да го следат ова самоволие на Коневски, бидејќи ова не смееме да дозволиме да се случи. Најавувам силен отпор на ваквата одлука и борба до крај!, објави на својот фејсбук профил советникот Златко Марин.

Оваа вонредна точка на дневниот ред доаѓа пред самиот крај на мандатот на градоначалникот Ивица Конески.

Поврзани новости