Конечно избрани судии во Апелација-дел од судиите од Кривичен не добија мнозинство

by fokus

Судскиот совет по повеќе од една година од објавувањето на огласот за избор на судии во Апелацискиот суд конечно избра шестмина судии кои ќе треба да го пополнат кусокот на судии во второстепениот суд.

За во Кривичниот оддел во Апелацискиот суд избрани се судиите од Лидија Зимбовска, која му пресуди на бизнисменот Сеад Кочан во случајот “Труст“ и судијата Ѓоко Ристов кој го водеше првото судење за случајот „Шпион“, го водеше случајот „Метастаза“, судењето за градоначалникот на Шутка, Курто Дудуш кој доби условна казна и случајот „Тотал“ во кој е обвинет новинарот, Драган Павловиќ-Латас.

Зимбовска била десетторангирана, а Ристов бил на 14-то место, но сите пред нив не го добиле потребното двотретинско мнозинство од членовите на Судски совет. Пред нив на листа биле судиите Ивица Стефановски кој беше потпретседател на Кривичниот суд во времето на Владимир Панчевски, судијата Огнен Ставрев кој води неколку случаи на СЈО, судијката Оља Ристова и судијката Александра Ристевск, како и судии од други градови како Габриела Гајдова од Велес и претседател на судот во Кавадарци Лазар Нанев.

Од немнозинската листа за судија кривичар во Апелација беше избран Јусуф Ајрулахи, а судијата Осман Шабани кој заедно со Ставрев е во судечкиот совет во предметите „ТНТ“, „Титаник“, „Монструм“ не го доби потребното мнозинство.

За граѓански судии беа избрани Виолета Поповска и Аритон Ала, а за во стопанскиот оддел е избрана Цветанка Ташева.

Поврзани новости