Кон Арачиново водат трагите од пукањето во хотелот „Александар Палас“

by Fokus

Трагите од пукањето што се случи после полноќ во хотелот „Александар Палас“ водат кон Арачиново, објави Алсат-М.

Според извори на телевизијата, во атарот на село Арачиново пронајдено е опожарено возило „фолсваген туарег“ во кое имало две автоматски пушки.

Утрово во 8,30 часот било пријавено дека на паркингот пред „Александар Палас“, било оштетено возило „фиат“.

Поврзани новости