Комората реагира зошто се објавени имињата на лекарите обвинети за смртта на малата Тамара

by Fokus

Лекарската комора реагира на објавувањето на имињата на лекарите обвинети за смртта на малата Тамара, за што Јавното обвинителство пред неколку дена покрена обвинителен акт.

„Лекарската комора на Македонија  во името на сите доктори искрено жали за смртта на Тамара и сочувствува со болката на семјството Димовски. Меѓутоа, како професионална асоцијација, во исто време,  има обврска кон пациентите и кон докторите да инсиситира конечно јавноста да биде запознена со целосната вистина за овој случај. Комората смета дека за сите недостатоци и проблеми во здравствениот систем не може да бидат одговорни единствено докторите, особено не за погрешните политики во здравството – се наведува во соопштението од ЛК.

Од таму апелираат до надлежните институции дека мора да се почитува пресумпцијата на невиност.

„Сметаме дека овластените институции на системот  без влијанија и пристисоци треба да си ги извршуваат своите задачи. Ваквите појави внесуваат голема конфузија и го рушат угледот и достоинството на докторите. Секое објавување на името на оние за кои е покрената истражна или друга постака е прејудицирање на вината и со право може да се смета  дека е форма на притисок врз надлежните институции и јавноста, искривувајќи ја сликата за вистината. Особено кога  докторите кои се обвинети во случајот, што трае повеќе од 40 месеци, информација ја добиваат од медиумите без притоа да го имаат приемно  обвиненитето со листата на докази. Притоа останува отворена дилемата  на прашањето што се случуваше во тој период?!- се наведува понатаму во соопштението.

 

 

 

 

Поврзани новости