„Комитите ни се пред врата“ – повик за учество на протестот во Атина

by fokus

Се вжештува реториката во Грција како што се приближува 4-ти февруари, кога ќе се одржи масовен протест во Атина против употреба на терминот Македонија. Протестот го подржа и Грчката православна црква, а зад него стојат повеќе десничарски здруженија.

Во Атина веќе се делат летоци со повик за учество на протестот. На еден од нив „комитите од Македонија“ се претставени како закана преку голема мечка, а неколкумина Грци држат нож со грчкото знаме вперен кон мечката. „Ѝ требаш на Македонија. Сега сите заедно“, пишува на летокот.

Во меѓувреме грчката анархистичка група „Рубикон“ во пресрет на протестот предупреди дека „на 4 февруари може да се лее крв“. Анархистите подготвуваат контра протест на оддалеченост од само 800 метри и два часа пред порано од протестот на плоштадот Синтагма.

На социјалните мрежи анархистите објавија дека „4 февруари ќе биде нивниот ден и нема да помине без жртви“ и оти тие нема да дозволат да бидат провоцирани од фашистите за време на собирот, пренесува грчки Њуз.ин.

Поврзани новости