Комитетот за историски прашања на Македонија и Грција ќе работи на „отстранување на одредени референци во учебниците“

by fokus

Денеска се одржал првиот состанок на Заедничкиот интердисциплинарен комитет на експерти (ЗИКЕ) за историски, археолошки и образовни прашања со Грција.

Од Министерството за надворешни работи соопштија дека состанокот се одржал во пријателска атмосфера, во согласност со духот и принципите на Спогодбата од Преспа.

-Двете страни го усвоија Деловникот за работа на ЗИКЕ и се согласија за динамиката на идните состаноци, а согласно членот 8 од Спогодбата од Преспа, беше донесена заедничка одлука да се работи на отстранување на одредени референци во учебниците, коишто беа присутни во минатото, се наведува во соопштението од МНР.

Поврзани новости