Комисијата за заразни болести не одлучува за спроведување или откажување на пописот

by Fokus

Комисијата за заштита од заразни болести не ја носи одлуката дали пописот ќе се одржи или не, рече првиот човек Комисијата за заразни болести, Жарко Караџовски. Како што истакна тој, Комисијата подготвила протокол и го испратила до надлежните, а одлуката дали пописот ќе се спроведе или не, вели тој, е одлука на други државни институции.

„Предлог протоколот беше побаран и ние го направивме. Понатаму државните институции ќе одлучат дали ќе има или нема да има попис, на кој начин ќе се спроведува. Ние дадовме повеќе опции за спроведување на пописот“, рече Караџовски.

Поврзани новости