Комисијата за надворешни работи на Бундестагот препорача отворање преговори за Македонија

by fokus

Доцна вечерва заврши сесијата на Комисијата за надворешни работи на Бундестагот чии членови му препорачаа на германскиот парламент да донесе позитивна одлука за отпочнување преговори за членство во ЕУ со Северна Македонија и со Албанија.

Според информациите на „360 степени“, дебатата за Македонија течела со позитивен и ветувачки тон, додека за Албанија имало разногласие, но благодарејќи на влијанието на пратеникот на СПД, Јосип Јуратовиќ, и нашата сосетка поминала низ ова парламентарно сито.

Според членовите на Комисијата, двете земји заедно ќе успеат да го отворат патот кон ЕУ, а со тоа ќе придонесат за интеграција на целиот Западен Балкан.

На пленарната седница во четврток вечер, се очекува Бундестагот а ја потврди одлуката на Комисијата за надворешни работи.

Поврзани новости