Комисијата за информации од јавен карактер не работи една година, преку петиција се бара да профункционира

by Фокус

Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на – ЕСЕ иницира петиција за собирање потписи со која се бара од Собранието да го забрза процесот на трансформација на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер и во најкраток можен рок да именува директор и заменик директор на Агенцијата што треба да ја земeни Комисија, со цел да се создадат основни услови за нејзино работење.

– Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер не функционира повеќе од една година, поради одложување на изборот на членови на Комисијата и пролонгирање на процесот на трансформација на Комисијата во Агенција. Со ова се крши основното човеково право за пристап до информации од јавен карактер, загарантирано со член 16 од Уставот на Република Северна Македонија и Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер“, стои во соопштението од ЕСЕ.

Со цел нормално функционирање на овој значаен механизам за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер, ЕСЕ иницира петиција која може да се потшише на преку линкот https://bit.ly/2oTUtBb.

Поврзани новости