Комисија за заразни болести: Водата и храната што се поплавени да не се консумираат

by Fokus 14:50
14:50

Населението од поплавените подрачја да не ја пие водата од локалните водоводи, сопствени водоводи, бунари бидејќи се очекува таа да биде загадена, вели доктор Јованка Костовска од Комисијата за заразни болести.

– Вода да се пие исклучиво флаширана или од цистерни која веќе се дистрибуира. Да не го употребуваат зеленчукот од сопствените дворови бидејќи е поплавен. Храната во фрижидерите онаму каде што нема електрична енергија да не се употребува и да се исфрли. Малите деца да не се пуштаат во поплавените дворови да играат, бидејќи водата е загадена. Доколку учествуваат во санација на дворовите и поплавените домови граѓаните да носат чизми и ракавици со цел да го заштитат своето здравје – вели Костовска.

 

Поврзани новости