Комисија за однос со верски заедници и религиозни групи: Не сме вмешани во последните случувања и превирања во ИВЗ

by fokus

Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи во денешното соопштение демантира каква било нивна вмешаност во последните случувања и превирања во Исламската верска заедница (ИВЗ).

Од Комисијата посочуваат дека при настапот пред медиумите сношти, по одржана вонредна седница на ријасетот на ИВЗ, Сулејман Реџепи во дел од својата изјава го обвини директорот на Комисијата за односи со верските заедници, Даријан Сотировски дека е вмешан во последните случувања во Исламската верска заедница. Обвинувања и навреди, како што велат оттаму, беа упатени и за заменик директорот на Комисијата, Зеко Абази.

-Иако на целата јавност и е позната некредибилноста, неоснованоста и невистинитоста на ваквите наводи, поради длабока и искрена почит кон граѓаните со муслиманска вероисповед сакаме да упатиме остар демант и јасна порака дека Комисијата за односи со верските заедници, ниту нејзиното раководство на ниту еден начин не е вмешана во последните случувања и превирања во ИВЗ. Задржувајќи го личното и институционалното реноме на високо ниво нема воопшто да се впуштаме во понатамошна комуникација со лични дискредитации и инсинуации. Ова беше непримерен чекор за изнесување клевета, стои во соопштението.

Поврзани новости