Комисија од Правда го чешла АКМИС системот во Апелација

by fokus

Работната група од Министерството за правда денеска врши проверка на АКМИС системот за електронска распределба на судските предмети во Апелацискиот суд Скопје.

Министерот за правда Билен Саљији минатата недела изјави дека увидот во АКМИС системот отсега па натаму ќе биде пракса во сите судови во државата.

Работната група веќе спроведе контрола во работењето на АКМИС системот во Основниот суд Скопје 1. Минатата недела од таму го најавија увидот во Апелација, по што ќе следи проверка на системот и во Врховниот суд.

– Кога ќе го имам сублимираниот извештај на Работната група од увидот во трите суда целосно ќе го објавиме пред јавноста – изјави министерот за правда.

 

Поврзани новости