Комисија на Министерството за здравство ќе ја испитува причината за смртта на родилката од Кичево

by fokus

Министерството за здравство формираше комисија која ќе треба да ја истражи смртта на 31-годишната родилка, која пред два дена почина во една од приватните болници.

Починатата била од Кичево и во болницата дошла да се породи со своето прво дете. Смртта настапила кога почнала процедурата за царски рез, односно причина биле компликации при дишењето. Состојбата на машкото дете е критична и тоа се наоѓа на Клиниката за детски болести.

Поврзани новости