Комичар го намести Трамп, му се претставил како сенатор, а овој поверувал

by fokus

Американскиот комичар познат како Пелтечивиот Џон се јавил во Белата куќа и се претставил дека е сенаторот Боб Менендез, демократ од Њу Џерси, а претседателот на САД, Доналд Трамп му се јавил два часа подоцна од претседателскиот авион.

Комичар, чие вистинско име е Џон Мелендез, изјави дека со претседателот разговарал околу три минути и не му кажал дека не е вистински сенаторот Менендез.

Комичарот вели дека со Трамп  разговарал најмалку 20 пати во радио-шоу на Хауард Стерн и не можел да поверува дека претседателот не го познал неговиот глас.

– Јас зборував со мојот сопствен акцент од Лонг Ајленд, вели тој.

Во разговорот Трамп, кој мислел дека разговара со сенаторот, му честитал за ослободителната пресуда во случај за поткуп.

Трамп, исто така, разговарал и за соработка за законот за имиграција.
– Јас сум со хиспанско потекло, му одговорил комичарот.

Мелендез за Си-Ен-Ен вели дека Белата куќа лесно може да го открие неговиот вистински идентитет.

– Се што требаше да ме прашаат е од која партија е сенаторот Менендез, или која земја претставува во Сенатот, а јас немаше да знам. Сепак, тие не ме прашаа ништо, вели комичарот.

Белата куќа соопшти дека претседателот Трамп „сака да биде достапен” за членовите на Конгресот и дека понекогаш се случуваат „грешки како таа што се случи”. 

Поврзани новости