Командант Соколи: Тајните служби на Груевски и Иванов се пазареа со терористите

by fokus

-На лицата кои беа убиени пред да се предадат, тајните служби кои го чуваат претседателот Ѓорге Иванов и онаа служба која ја водел поранешниот премиер Никола Груевски, им нудеа по 5 милиони евра. Државата се пазареше со терористите. Кажете ми која нормална држава би правела договор со терористи, рече во судница првообвинетиот Сами Укшини алијас командант Соколи во завршен збор, а објави МКД.

Обвинетиот командат Соколи рече дека ако оние од групата на која и се суди се терористи, тогаш терористи се и они кои се пазареле со нив. Оние кој според првобвинетиот ја организирале целата акција, Соколи ги нарече членови на криминален систем.

-Тие беа еден комплетен криминален систем, почнувајќи од Никола Груевски и други лица и негови соработници. Државата се пазареше со организаторите и сега нас сака да не казни за тероризам. Затоа јас не му верувам на судот кој заедно со обвинителството се криминализирани. Во војна има еден победник и еден поразен. Ние изгубивме со предавство, веќе не изморивте и затоа не веруваме во правда, рече Сами Укшини.

Поврзани новости