Командант Малишева, осуден на доживотен затвор за „Диво насеље“, испрати повик за мир до другарите

by fokus 12:43
12:43

Анди Красниќи, познат под прекарот командант “Малишева”, кој лани во ноември беше осуден на доживотен затвор за неговото учество во настаните во „Диво насеље“, напишал писмо од затворот во кој ја одлежува казната, пренесува “Бота сот”.

Командантот „Малишева“ апелира до своите другари и ги одвраќа од некои намери, им вели дека процесите кон САД и ЕУ се придвижени и да придонесат за земјата на други начини, а не со војна.

- Advertisements -

 

„Апелирам до сите ветерани, соборци, нашите браќа, оние кои имаат храброст, што ја дадоа својата Беса да продолжат со ослободителната војна таму каде што ја оставивме ние, да не го сторат тоа. Знам дека сте над илјада и триста членови што се жртвувавте, Ве повикувам да не го сторите тоа бидејќи процесите се движат напред и сега кога и САД и ЕУ се посветени на движењето на процесите кон иднината и за нас Албанците ќе има светла иднина. Придонесете за земјата таму каде што живеете на други начини не со војна, ќе покажеме дека сме за мир. Не сакаме крвопролевање, доста е со страдања и солзи. Правдата за нас сигурно ќе триумфира, демократските сили владеаат сега. Груевски и неговите руски банди си заминаа и не се враќаат веќе. Ве повикувам да престанете, бидејќи ве сакам како себе си и не сакам да страдате и да страда мојот народ, не сакам на мојата држава да му биде ставена црна дамка за дестабилизација“, пишува Красниќи .

Поврзани новости