Француски „Л’Екип“ објави анализа за најплатените играчи и тренери во водечките европски клубови, а највисоки бруто плати имаат напаѓачот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе и тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне.
Највисока бруто месечна плата во најдобрите пет лиги има францускиот напаѓач на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, кој заработува 2,67 милиони евра, потоа Норвежанецот Ерлинг Халанд од Манчестер Сити, кој добива 2,57 милиони евра месечно, а трет е бразилскиот напаѓач на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор со 2,5 милиони евра.
Во Премиерлигата, зад Халанд е неговиот соиграч Кевин де Брујне (2,06), а потоа следуваат дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Бразилецот Касемиро (1,8) и напаѓачот на Ливерпул Мохамед Салах од Египет (1,8).
Што се однесува до менаџерите, на островот водат Шпанците Пеп Гвардиола и Микел Артета.
Шефот на Манчестер Сити наводно има 1,98 милиони евра месечно, а Шпанецот на клупата на Арсенал има 1,48 милиони евра.
Во шпанската Примера на листата водат веќе споменатите Мбапе и Винисиус, а трет е полскиот репрезентативец и напаѓач на Барселона Роберт Левандовски со 2,17 милиони евра месечно.
Во ТОП 5 се и англискиот играч за врска на Реал, Џуд Белингем и словенечкиот голман на Атлетико Мадрид, Јан Облак, со по 1,67 милиони евра месечни примања.
Диего Симеоне, тренерот на Атлетико Мадрид, ја предводи клупата, далеку пред својот сосед од Реал, Карло Анчелоти.
„Ел Чоло“ месечно заработува 2,17 милиони евра, а Италијанецот 910.000 евра. Германецот Ханси Флик кој минатото лето пристигна во Барселона има месечна плата од 830.000 евра.
Во Италија, српскиот напаѓач на Јувентус, Душан Влаховиќ е на првото место со проценета месечна бруто плата од 1,62 милиони евра. Зад него се двајца Аргентинци, Лаутаро Мартинез од Интер (1,39) и напаѓачот на Рома, Пауло Дибала (1,08).
Што се однесува до тренерите, Антонио Конте и Симоне Инзаги се на врвот на листата, и двајцата заработуваат по милион евра месечно, Конте во Наполи и Инзаги во Интер.
Баерн Минхен се уште ги држи првите места во Германија. Првите пет најдобри плати во Бундеслигата ги држат фудбалерите на Баерн – на врвот на листата се Хари Кејн и Џамал Мусиала со 2,1 милиони евра бруто месечна заработка. Следат искусните Мануел Нојер и Томас Милер, двајцата со 1,66 милиони, а потоа Кингсли Коман со 1,42 милиони евра.
Белгиецот Винсент Компани кој минатото лето пристигна на клупата на Баварците е далеку пред Шпанецот Чаби Алонсо кој го предводи Баер Леверкузен. Компани заработува 750.000 евра бруто месечно, а Алонсо 425.000 евра. Трет е Марко Роуз од РБ Лајпциг со 375.000 евра.
Со заминувањето на Мбапе во Реал Мадрид, првото место на листата со највисоки плати во Лига 1 го презеде неговиот репрезентативен колега и поранешен соиграч од парискиот клуб, Усман Дембеле, кој добива 1,5 милиони евра месечно. Зад него се клупските соиграчи Маркињос (1,12 милиони евра), Лукас Ернандез (1,1) и Ахраф Хакими и Квича Кваратцкелија со по еден милион евра месечно.
Највисоки бруто месечни плати во Англија
1. Халанд (Манчестер Сити) – 2,57 милиони евра
2. Кевин де Брујне (Манчестер Сити) – 2.06
3. Касемиро (Манчестер Јунајтед) – 1,8
3. Мохамед Салах (Ливерпул) – 1,8
5. Рашфорд (Астон Вила) – 1,67
Највисоките плати на тренерите во Англија
1. Пеп Гвардиола (Манчестер Сити) – 1,98 милиони евра
2. Микел Артета (Арсенал) – 1,48
3. Дејвид Мојс (Евертон) – 1,23
Највисоки бруто месечни плати во Германија
1. Хари Кејн (Баерн), Џамал Мусиала (Баерн) – 2,1 милиони евра
3. Мануел Нојер (Баерн), Томас Мулер (Баерн) – 1,6
5. Кингсли Коман (Баерн) – 1.420.000 евра.
Највисоките плати на тренерите во Германија
1. Винсент Компани (Баерн) – 750.000 евра.
2. Чаби Алонсо (Баер Леверкузен) – 425.000
3. Марко Роуз (РБ Лајпциг) – 375.000 евра
Највисоки бруто месечни плати во Италија
1. Душан Влаховиќ (Јувентус) – 1,6 милиони евра
2. Лаутаро Мартинез (Интер) – 1,39
3. Пауло Дибала (Рома) – 1.08
4. Николо Барела (Интер) – 1,0
5. Хакан Чалханоглу (Интер) – 930.000 евра.
Највисоки плати на тренерите во Италија
1. Антонио Конте (Наполи) – 1,0 милиони евра
2. Симоне Инзаги (Интер) – 1,0
3. Џан Пјеро Гасперини (Аталанта) – 380.000 евра
Највисоки бруто месечни плати во Шпанија
1. Килијан Мбапе (Реал Мадрид) – 2,67 милиони евра
2. Винисиус (Реал Мадрид) – 2,5
3. Роберт Левандовски (Барселона) – 2,17
4. Давид Алаба (Реал Мадрид) 1,88
5. Џуд Белингем (Реал Мадрид), Јан Облак (Атлетико Мадрид) – 1,67
Највисоки плати на тренерите во Шпанија
1. Диего Симеоне (Атлетико Мадрид) – 2,17 милиони евра
2. Карло Анчелоти (Реал Мадрид) – 910.000 евра
3. Ханси Флик (ФК Барселона) – 830.000 евра
Највисоки бруто месечни плати во Франција
1. Усман Дембеле (ПСЖ) – 1,5 милиони евра
2. Маркињос (ПСЖ) – 1.12
3. Лукас Ернандез (ПСЖ) – 1,1
4. Ахраф Хакими (ПСЖ), Квича Кварацкелија (ПСЖ) – 1,0…