Колку од вакцинираните со две дози фатиле ковид?

by fokus

Од досега 416.614 лица вакцинирани со две дози против ковид во земјава, само 167 лица или 0,04 отсто се заразиле 14 дена по примена втора доза вакцина, а само 11 од нив биле хоспитализирани, соопшти Министерството за здравство.

-Ова укажува на фактот дека вакцината е ефикасна само кога се примени две дози и кога од примената втора доза има поминато повеќе од 14 дена. Само 10 отсто од сите активни случаи во јули, се заразиле со ковид по примена втора доза“, велат од МЗ.

Меѓу позитивните, има вакцинирани со „Синофарм“, „Астра Зенека“, „спутник В“, „Фајзер“, а меѓу нив има и заразени кои се вакцинирале во странство со вакцината на „Модерна“.

Поврзани новости