Колку ќе трае проверката од ДИК, не може да се каже

by Фокус 12:20
12:20

Првите резултати од вкрстената проверка на податоците од базите на десет државни институции со сегашната состојба на Избирачкиот список може да се очекуваат наредната недела.

Од понеделник треба да почне вкрстената проверка на податоците за избирачките, но колку таа ќе трае, како што велат од ДИК, засега не може да се каже. Вкрстувањето ќе го прават две ИТ компании во соработка со тројцата експерти што ги ангажираше ДИК, јави Плусинфо.

- Advertisements -

Според оваа методологија, Избирачкиот список ќе се ревидира во неколку фази. Постапката почнува со споредба на сегашната состојба на списокот со податоците од последните избори. Во наредната фаза ќе се прави вкрстено споредување на базите на податоци од 10 институции. Во третата фаза ќе се врши теренска проверка на местата каде што податоците нема да се совпаѓаат.

На вчерашната седница на ДИК беа усвоени двата правилника за методологиите за Избирачкиот список. Едниот ги уредува процедурите за пристап, промени и бришење податоци во Избирачкиот список,а вториот ги уредува постапките за водење и ажурирање на списокот врз база на вкрстени проверки и статистички анализи.

Поврзани новости