Колинда се расплака и силно го гушна Модриќ

by fokus

Претседателката на Хрватска, Колинда Грабар Китаровиќ не успеа да ги задржи солзите по поразот на Хрватска на светското фудбалско првенство во Москва. Хрватската претседателка за време на натпреварот енергично навиваше во ВИП-ложата каде беше во друштво со Владимир Путин и Емануел Макрон, но ги пушти солзите кога Лука Модриќ дојде да ја прими наградата за најдобар фудбалер на Мундијалот.

Модриќ ја доби престижната награда „Златна топка“. Признанието за најдобар млад играч е за Килијан Мбапе од победничката француска селекција.

Голманот на Белгија, Тибо Куртоа е прогласен за најдобар чувар на мрежата.

Франција во финалето на СП 2018 ја победи Хрватска со 4:2 и по втор пат стана Светски шампион.

Дидие Дешампс стана трет човек во историјата што успеал да го освои Светското првенство како фудбалер и како тренер.

Како играч Дешам го освои златниот медал дома на СП 1998, а 20 години подоцна како селектор ја доведе Франција до трофејот.

Пред Дешам само двајцата тренери го имаат ова достигнување. Тоа се Бразилецот Марио Загало (како играч – во 1958 и 1962 година и како тренер – во 1970 година) и Германецот Франц Бекенбауер (како играч – во 1974 година и како тренер – во 1990 година).

Поврзани новости